Top Sport

Дренте: Робињо имаше направено мини ноќен клуб во својот подрум!

Холанѓанецот Ројстон Дренте помина пет сезони во Реал Мадрид во период во кој клубот беше и легендарниот Робињо, и сега во интервју за „Фор-фор-ту“, тој го опишува детално својот престој во Мадрид и посетите на „мини ноќниот клуб“ кој Робињо го имал изградено во својот подрум.

Левиот бек Дренте имаше низа повреди во својата кариера и по Реал Мадрид, играше и во Аланија Владикавказ, Кајзериспор, за оваа година да игра за Спарта Ротердам. Во Мадрид, тој вели дека веднаш направил „врска“ со Бразилецот.

„Веднаш имав прекрасни односи со Робињо, човекот кој имаше мини ноќен клуб во неговиот подрум и постојано одев таму. Се чувствував добредојдено во Реал. Гути беше прекрасен од почетокот, а беше легенда за Реал. Имав само 20 години, играв во Реал, а ме бараа сите други клубови, како Барселона, но кога слушнав ’кралевите’ ме сакаат не размислував. Како дете бев фасциниран од гламурот со Реал Мадрид, вистинска магија“, вели Дренте.

Се сеќавате на Ројстон Дренте? (Видео)

Scroll to Top