Top Sport

Дресерот на Лацио се правда: Што да правам кога ги ценам Мусолини и Франко

Дресерот на орли на Лацио, Шпанецот Хуан Бернабе не сакаше да се извинува за фашистичкиот поздрав кој го упати кон навивачите на римскиот клуб, објаснувајќи дека доаѓа од „десничарска култура“ и дека е горд на Бенито Мусолини и Франциско Франко.

Бернабе, кој е одговорен за летањето на орелот „Олимпија“, маскотата на клубот, беше сниман како вика „Дуче, Дуче“ и поздравува фашистички по 3:1 победата над шампионот Интер, по што под притисок на јавноста, Лацио ја суспендираше соработката со него.

Но, тој сега вели дека се „збунил“ со различните шпански и италијански поздрави.

„Не знам зошто се направи овој хаос и тој нема никаква врска со Лацио и се извинувам за тоа. За мене тоа е воен поздрав, бидејќи сум роден во армијата. Имам десничарска култура, во Шпанија сум член на партијата Вокс и горд сум на тоа. Во Шпанија, фашистичкиот поздрав се прави раката свртеа кон срцето, во Италија е поинаку. Нема да демантирам дека го почитувам Мусолини, човек кој направи големи работи за Италија, исто како Франко во Шпанија. Ги почитувам и горд сум на тоа. Не сум расист, сум го поминал цел свет и сум имал врски со луѓе од сите раси. Мислам дека ќе ми ја тргнат суспензијата“, вели Бернабе во интервју за „Ил месаџеро“.

Лацио го суспендираа дресерот на орлите поради фашистички поздрав

Scroll to Top