Top Sport

Дресот на Нејмар продаден за 240.000 евра

Дресот во кој Бразилецот Нејмар дебитираше во дресот на Пари Сен Жермен, на аукција е продаден за неверојатна сума од 240.000 евра.

Дресот е продаден на хуманитарната аукција, чии организатор била фондацијата на ПСЖ.

На аукцијата интересно било и наддавањето помеѓу ѕвездите на ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе, околу статуата Кинг Конг на Ричард Орлински. На крајот за сума од 500.000 евра, сопственик станал Мбапе.

ПСЖ на аукцијата успеал да собере околу 1,7 милиони евра.

Scroll to Top