Top Sport

Започнува борбата за европскиот кошаркарски трон

Белград од денес до недела е домаќин на завршниот турнир во кошаркарската Евролига. За трофејот ќе се борат актуелниот првак Фенербаче, најпријатното изненадување оваа сезона Жалгирис, односно двата најтрофејни клуба во елитното натпреварување Реал Мадрид и ЦСКА Москва.

Заврниот турнир ќе го отврат Фенербахче и Жалгирис. Двата тима имаат по една титула во Евролигата. Фенер е актуелен првак, лани во Истанбул ја освои титулата со победата над Олимпијакос 80-64.

Жалгирис единствената своја титула ја има освоено во 1999 година, кога во финалето го победи Киндер Болоња 82-74.

Втората полу-финална двојка ја формираа најтрофејните тимови во Лигата на шампионите, односно Евролигата.

Мадридски Реал има девет европски титули, седум во периодот од 1958 до 1987 година, а три откако се играат завршните турнири. Последен пат Реал бил европски првак во 2015 година. Тогаш во финалето, во Мадрид, Реал го победи Олимпијакос 78-59.

ЦСКА Москва, во ерата пред завршните турнири четири пати биле европски шампиони, а во новата евролигашка ера имаат три трофеи. Послден пат „армејците“ бил шампиони во 2016 година, кога во Берлин, славеа над Фенербахче 101-96.

Евролигата најавува спектакл во „Штарк“ арената во Белград, а уште вчера беа делегирани судиите за полу-финалните дуели.

Фенербахче-Жалгирис (18 ч.), судии: Даниел Јерезуло (Шпанија), Сретен Радовиќ (Хрватска), Олег Латишев (Летонија)

ЦСКА Москва-Реал Мадрид (21 ч.), судии: Луиџи Ламоника (Италија), Роберт Лотермозер (Германија), Матеј Болтаузер (Словенија).

В недела, од 18 часот ќе се игра натпреварот за третото место, а големото финале на програмата е во 21 часот.

Scroll to Top