Дресот со кој Зинедин Зидан помогна Франција да ја освои светската титула во 1998 година, се наоѓа на најчудното место кое можете да го замислите – во рацете на поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дени Марфи.
Како завршила кај Марфи, објаснува самиот тој, а највиновен е поранешниот менаџер на Ливерпул, Жерар Улие.
„Жерар ми беше менаџер и како што знаете тој имаше големо влијание во кариерата на Зидан и останаа големи пријатели. Со Улие имав патешествие во Ливерпул – ме прати на позајмица во Кру Александра, па ме врати во тимот како стандарден првотимец, а потоа ме повикаа во репрезентацијата. Еден ден влегувам во канцеларијата и тој има пластична кесичка, од ‘Теско’ или нешто слично. Ми ја фрла на масата и вели: ‘Ова е за тебе’. Внатре, дрес со Зидан и со беџот од Светското првенство. Ми кажа: ‘Зинедин ми го даде ова по финалето, но сакам да ти го дадам тебе’. Бев во шок, но тој ми кажа дека зборувал со него и дека е во ред да го добијам како подарок, за патот кој го поминав. Да бидам искрен, не сум толку луд по славните дресови како некои, но тој дрес го чувам“, открива Марфи во разговор со поранешниот фудбалер, Дарен Бент.
“He had a Tesco bag, and he just threw it on the desk said, ‘That’s for you.’” ?
Danny Murphy’s incredible story of receiving Zinedine Zidane’s World Cup-winning shirt
— talkSPORT (@talkSPORT) November 12, 2021