Голманот на Динамо Загреб, Доминк Ливаковиќ, беше еден од најдобрите играчи на Хрватска на Светското првенство во Катар. Хрватите Мундијалот го завршија на третото место.
Ливаковиќ блескаше на голот на Хрватска. Особено беше добар во нокаут-фазата. Во осминафиналето, во пенал серијата не им дозволи на Јапонците да постигнат гол. Ливаковиќ одбрани три пенали.
Дресот од тој натпревар заврши кај капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, кој со вредниот трофеј се пофали на социјалните мрежи.