Шест дресови што ги носеше аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за време на Светското првенство во Катар се продадени на аукција за 7.800.000 долари, соопшти аукциската куќа Сотби.
„Конечната цена на дресовите кои Меси ги носеше во првото полувреме на секој натпревар на Светското првенство е највисоката цена од сите продадени спортски артикли оваа година“, се вели во соопштението.
Аукциската куќа не соопшти кој ги купил дресовите.
Меси ги носеше дресовите на натпреварите против Саудиска Арабија, Мексико, Австралија, Холандија, Хрватска и Франција.
Во декември минатата година, Аргентина стана светски шампион по трет пат, откако во финалето ја совлада Франција по изведувањето на пенали.
Во пресрет на онлајн аукцијата, дресовите беа изложени две недели во седиштето на Сотби во Њујорк.
Дел од приходите ќе бидат проследени на проектот UNICAS, кој го води детската болница во Барселона со поддршка на фондацијата Лео Меси, за да им помогне на децата кои страдаат од ретки болести.
Меси, кој моментално игра за Интер Мајами, помина 17 години во Барселона.
Во Сотби се надеваа дека дресовите на Меси ќе се продадат за рекордна сума за спортска артикал, но тоа не се случи.
Засега рекордот го држи дресот на кошаркарската легенда Мајкл Џордан од 1998 година во НБА финалето, кој минатата година во Њујорк беше продаден за 10.100.000 долари.