Златан Ибрахимовиќ на „Фејсбук“ го објави својот идеален тим во формација 4-3-3. Изборот е чуден, го отсликува големото его на Ибрахимовиќ, но никого не изненади.
Фудбалски клуб Златан би можел да биде наречен идеалниот тим на поранешниот шведски репрезентативец.
Златан на сите 11 позиции го поставил Ибрахимовиќ од различни периоди во неговата кариера.
Во нападот е Ибрахимовиќ од Ајакс, Милан и ЛА Галакси, а на голот е Златан од Интер, а во средниот ред Златан од Јувентус, Шведска и Манчестер Јунајтед.
„Мојот омилен тим на сите времиња. Се уште не сум решил за тренер, можеби ќе биде Златан“, напишал Швеѓанецот и собрал повеќе од 160.000 лајкови.