Челси и менаџерот Маурицио Сари покажале сериозен интерес за крилниот напаѓач на Кристал палас, Вилфрид Заха.
Како што пренесе британски „Метро“, Челси испратил конктретна понуда за Заха, односно „сините“ нудат 30 милиони фунти, а во трансферот би го вклучиле и Дени Дринквотер, кој не се прилагоди најдобро на „Стенфорд Бриџ“.
Заха е репрезентативец на Брегот на Слоновата коска, а во кариерата настапувал за Кардиф, Кристал Палас и Манчестер јунајтед.