Во своето прво интервју по речиси 4 години, англискиот фудбалер Дени Дринквотер проговори за својот „кошмар“ во Челси, признавајќи дека си ги уништил најдобрите години во кариерата поради менталните и личните проблеми и алкохолот.
32-годишниот Дринквотер беше еден од најзаслужните што Лестер стигна до титула од соништата во 2015/16, пред да обезбеди трансфер од 35 милиони евра во Челси ве години подоцна. Но, тој одигра само 23 меча за Челси, пред тие да го ослободат од договорот.
„Опуштен сум, бидејќи беше јасно дека тоа не беше добро за мене, но ниту за клубот. Лут сум за како се одвиваа работите и како бев третиран, но можеше да биде многу подобро. Да, чувството е дека најдобрите години во кариерата, тие пет години ги фрлив во вода. Да останев во Лестер, да не се повредев, клубот да ме третираше поинаку… Тоа се се многу ако… Но, продолжив напред. Затоа отидов на позајмица во Астон вила и Барнли, што не функционираше, затоа на 30 години заминав во Турција. Затоа сега сум во втора лига со Рединг. Се обидував да ги направам вистинските работи“, вели Дринквотер во интервју за „Скај спортс“.
Тој додава дека завршил на психијатриска терапија по проблемите во Челси, но инсистира дека не размислувал само на забави и лесен живот. Посебно го потенцираше Маурицио Сари и неговиот однос со него
„Тоа не е вистина. Живеењето на таков живот трае две недели. Потоа сфатив дека не сум вклучен во натпревари, на тренинг… Како млада личност во таква позиција, ако немаш со кого да зборуваш, ќе те изеде. Не го научив тоа веднаш, си мислев силен сум, ќе издржам. Мојата баба и дедо починаа, на татко ми му дијагностицираа леукемија, и возев пијан… Големи грешки. Во последниот час од преодниот рок, Маурицио Сари ме повика во канцеларијата и ми кажа дека нема да планира на мене. Не ми беше јасно. Тој ми вели: ‘Има клубови од странство, кои треба да ги разгледаш’. Им кажав дека нема да го направам тоа, дека приоритет ми е мојот син. И останав до јануари“, додава Дринквотер.