Top Sport

Кирјос: Сега сме многу поблиски со Ѓоковиќ

Ник Кирјос вели дека бил разочаран кога слушнал дека Рафаел Надал се повлекол од нивното полуфинале на Вимблдон, по што едвај „склопил очи“ соочувајќи се со можноста да игра свое прво гренд слем финале.

Надал се повлече од полуфиналето поради повреда на стомачните мускули, со што Кирјос влезе во финалето, каде што ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Камерон Нори. Кирјос вели дек се надевал за „трето поглавје“, откако има 1-1 скор против Надал на Вимблдон.

„Бев целосно фокусиран а играм со Надал и знаев каква тактика, какви емоции ќе имам, сите работи. Но, сигурен сум дека не му беше лесно да се повлече, посебно откако малку губеше оваа година. Можеше да оди по сите четири грен слем титули. Вечерта не можев да спијам, поради возбудата дека ќе играм финале. Веќе бев нервозен, а сега сум немирен. Се замислував како победувам, како губам. Сега, едвај чекам да почнеме“, вели Кирјос.

Тој има 0-2 скор против Ѓоковиќ, но и многу конфликти во текот на годините, пред да станат поблиски откако Кирјос го поддржа Србинот на почетокот на годината кога му беше одбиена визата за Австралија и беше депортиран.

„Сега имаме некоја братска романса, што е чудно. Мислам дека сите знаеја дека немаше многу пријателство за нас. Но, беше интересно за медиумите, за тие кои гледаат. Мислам дека јас бев единствениот кој застана зад него по драмата на Австралија опен. Мислам дека респектот се заслужува на такви работи, а не на тенискиот терен, туку кога има вистинск криза. Сега тој ми праќа пораки преку Инстаграм. Мислам дека само Лејтон Хјуит застанал зад мене на таков начин“, вели Кирјос.

Scroll to Top