Top Sport

Дрогба: Африканскиот фудбал оди во рикверц

Легендата на Челси и на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба вели дека африканскиот фудбал направил „огромен чекор назад“ откако по елиминацијата на Сенегал ниту една репрезентација од овој континент не успеа да влезе во осминафиналето, за најлош резултат во последните 36 години.

Сенегалците немаа среќа и во четвртокот испаднаа поради фер-плеј правилото по поразот од Јапонија. Сенегал и Јапонија беа израмнети по бројот на поени и гол-разликата, но африканскиот тим имаше 6 жолти картони, а „сините самураи“ само четири. Египет, Мароко, Нигерија и Тунис исто така разочараа.

„Африка повторно ќе биде успешна, но мора да се размисли повторно како приоѓаме на овие големи натпреварување. Ова е голем чекор назад. Но, од друга страна исто така е шанса за африканските репрезентација и Африканската конфедерација да ја смени стратегијата за иднината. Што сакаме на следното Светско првенство? Имаме доволно потенцијал, доволно пари за развој, но очигледно, потребно е нешто повеќе. Потребна ние постојаноста и структурата на европскиот и јужноамериканскиот фудбал. Повторно ќе бидеме успешни, но мораме да имаме стратегија“, вели Дрогба.

Scroll to Top