Top Sport

Батшуаи се правда: Морав да се обидам да направам нешто ново

Белгискиот напаѓач Мичи Батшуаи реши сам да се насмее на својата „несреќа“ откако по прославата на голот на Аднан Јанузај против Англија ја шутна топката во своето лице.

Батшуаи ја крена топката од голот на Англија по одличниот гол на Јанузај и се обиде да ја „забие“ уште еднаш во голот, но наместо тоа таа удри директно во лицето на напаѓачот.

Ова, нормално, стана хит на Интернет и напаѓачот ја најде смешната страна на инцидентот.

„’Фортнајт’ прославата е толку преценета што морав да направам нешто ново“, напиша Батшуаи со видео од неговата прослава.

„Фортнајт“ е компјутерска игра доста популарна кај фудбалерите, од кои некој како Антоан Гризман ги копираат движењето во играта при прославата на головите.

Scroll to Top