Top Sport

Мурињо ќе даде „зелено светло“ за трансфер на Марсијал

Заминувањето на Антони Марсијал од „Олд Трафорд“ изгледа само формалност, откако менаџерот Жозе Мурињо бил подготвен да даде „зелено светло“ за негов трансфер во Јувентус.

22-годишниот Французин ретко беше во стартниот тим на Мурињо по доаѓањето на Алексис Санчез во јануари и според италијанскиот „Тутоспорт“, тој ќе добие дозвола да побара место каде што ќе си ја подобри кариерата, најверојатно во Серија А.

Марсијал посебно беше критикуван од својот тренер заедно со Маркус Рашфорд во петокот, по изненадувачкиот 1:0 пораз од Брајтон.

„Сега го имате одговорот на прашањето зошто секогаш игра Ромелу Лукаку. Најверојатно не сме доволно добри индивидуално како што мислат некои луѓе“, изјави Мурињо.

Сепак, има многумина кои веруваат во талентот на Марсијал, посебно во Италија и Шпанија, така што тој нема да има проблем да си најде тим.

Фото: ЕПА

Scroll to Top