Дидие Дрогба бил толку „потресен“ од заминувањето на Жозе Мурињо од Челси во 2007 година, што не можел да ги сопре солзите, тврди неговиот поранешен соиграч Стив Сидвел.
Мурињо на двапати беше успешен на „Стемфорд бриџ“ ,а во првиот период освои две титули едноподруго во Премиер лигата со моќен тим во кој беа Дрогба, Френк Лампард, Џон Тери, Арјен Робен и Петр Чех. Сидвел открива дека кога Роман Абрамович решил да го отпушти Мурињо, во соблекувалната било „чудно“.
„Сум бил во многу клубови каде што менаџерот добива отказ. Но, најтешко беше во Челси кога Жозе замина. Многу фудбалери беа со него долго време и имаше чувство на семејна атмосфера. Игравме со Розенборг во ЛШ, и не се сеќавам дали загубивме или одигравме нерешено и Жозе доби отказ. Сите бевме во соблекувалната додека горе имаше состанок. Тогаш тој се симна. Јас бев таму неколку месеци, а тој одеше од играч до играч и се поздравуваше и луѓето плачеа. Дрогба беше парче, во солзи. Скршен“, вели Сидвел.
“@didierdrogba was in pieces. I think everyone was just broken by it.” @sjsidwell tells @KellyCates and @JonWalters19 about the emotional scenes in the Chelsea dressing room when Jose Mourinho was sacked. pic.twitter.com/5TwM7zg1Xu
— FootballJOE (@FootballJOE) September 13, 2019