Легендата на Челси, Дидие Дрогба стана почесен доктор во Брегот на Слоновата Коска за своите достигнувања во фудбалот, но и големата улога која имаше за стабилнота во својата западноафриканска татковина.
43-годишниот Дрогба славно обезбеди примирје во Брегот на Слоновата Коска во 2005 година, со обезбедување на пласман на Светското првенство, кога прати очајничка порака до завојуваните страни во граѓанската војна и ги покани камерите во соблекувалните по клучната победа над Судан, по што се потпиша примирје по пет години војна.
Покрај тоа, тој има голема добротворна организација во својата татковина, а се обиде да стане и претседател на Фудбалската федерација на својата земја, по што Универзитетот на науки и технологии Ресо (РУСТА) му даде почесна докторска титула.