Top Sport

Другари од детството и братот Матијас сакале да изнудат од Погба 13 милиони долари

Голем скандал ја тресе Франција. Пол Погба пријавил во француската и италијанската полиција дека бил жртва на обид за изнуда на пари. Двајца негови пријатели и братот Матијас се обиделе од него да извлечат 13 милиони евра.

Скандалот започна пред нешто повеќе од 24 часа кога споменатиот постариот брат на познатиот фудбалер, Матијас објави видео на социјалните мрежи во кое вели дека ќе открие одредени информации за Пол Погба, неговата менаџерка Рафаела Пимента и Килијан Мбапе.

„Целиот свет заслужува да знае одредени работи за да може јавноста да процени дали тој навистина заслужува восхит, почит и место во тимот на Франција, дали е доверлива и достојна личност да биде пример за младите, да ја претставува работничката класа и да ги рекламира големи брендови“, рече Матијас.

На видеото реагираше ПР службата на Пол Погба.

„Неодамнешните изјави на Матијас Погба на социјалните мрежи, за жал, не се изненадување. Тие доаѓаат по заканите и обидите за изнуда од организирана банда против Пол Погба. Ова пред еден месец им беше укажано на надлежните органи во Италија и Франција“.

За што всушност се работи?

„Франс инфо“ објави дека Пол Погба тврди дека во Париз го фатиле неговите пријатели од детството и двајца вооружени мажи со качулки, а потоа му побарале 13.000.000 долари. На истражителите им рекол дека пред споменатиот инцидент истите лица се обиделе да го заплашат, дури и во тренинг центарот на Јувентус кога Пол меѓу осомничените го препознал својот брат Матијас.

Кон крајот на март оваа година, Погба, како што понатаму открива „Франс инфо“, додека бил на собирот на француската репрезентација за пријателските натпревари со Брегот на Слоновата Коска и Јужна Африка, ја посетил својата мајка во гратчето Ланаи-сур. – Марне.

Потоа, според неговите тврдења, осудените го одвлекле до станот и го обвиниле дека ги игнорирал пријателите од детството откако станал професионален фудбалер. Двајцата вооружени напаѓачи кои бараа од него 13.000.000 долари тогаш тврделе дека дискретно го штителе во последните 13 години.

Според Пол, подоцна ги видел истите луѓе во Манчестер и Торино кога го препознал својот брат во нивното друштво. Односот меѓу двајцата браќа наводно е затегнат во последно време и тоа го натерало помладиот Погба за се да го извести правниот оддел на Јуве, кој одлучил да ја проследи информацијата до италијанската полиција.

Победникот на Светското првенство со Франција во 2018 година им кажал на инспекторите дека бил во контакт со своите пријатели од детството и дека никогаш не одбивал да им понуди финансиска помош доколку се во тешка ситуација. Сепак, тој признал дека еднаш исфрлил пријател од својата куќа откако дознал дека му „скинал“ 200.000 долари од картичката.

Scroll to Top