Top Sport

Дубравка, ем нема да игра, ем може да добие медал без разлика кој ќе победи

Словачкиот голман Мартин Дубравка овој викенд може да добие медал како освојувач на англискиот Карабао (Лига) куп и покрај тоа што не смее да игра на мечот помеѓу Њукасл јунајтед и Манчестер јунајтед, и тоа без разлика кој ќе победи во мечот.

Во недела во 17.30 часот на „Вембли“ ќе се одлучува за првиот трофеј во Англија оваа сезона – Њукасл ќе се обидат да стигнат прва титула по таа од Купот на саемските градови во 1969 година (иако го освоија и Интертото купот во 2006), додека Манчестер јунајтед прв трофеј од времето на Жозе Мурињо и триумфот во Лига Европа.

Њукасл ќе мораат да бидат без својот прв голман, Ник Поуп, кој доби црвен картон викендов против Ливерпул, но и без неговаата замен Дубравка, бидејќи тој веќе настапи во ова натпреварување за Манчестер јунајтед додека беше на кратка позајмица на стартот на сезоната. Ова значи дека Лорис Кариус, поранешниот голман на Ливерпул ќе дебитира во клучен меч за Њукасл. 34-годишниот Дубравка одигра само два меча за Манчестер јунајтед – токму во Карабао купот – 4:2 победата над Астон вила и 2:0 триумфот над Барнли.

Според правилата на Карабо купот, победничкиот клуб ќе добие 30 медали, по што тие одлучуваат кому ќе бидат доделени – дали на тие кои играат во финалето или на тие кои играле во претходните мечеви во натпреварувањето. Тренерскиот тим исто така е вклучен во овој лимит од 30 медали. Ова значи дека Дубравка може да добие медал доколку еден од победничките клубови реши така, но од друга страна и да остане без медал доколку двата клуба проценат така. Тој нема играно ниту една минута за Њукасл во Карабао купот

Scroll to Top