Top Sport

Дубравка на позајмица во Манчестер јунајтед, Вилијан потпиша за Фулам

Бразилскиот ветеран Вилијан комплетираше шокантно враќање во Премиерлигата, потпишувајќи едногодишен договор со Фулам откако го раскина договорот со Коринтијанс. Поранешниот фудбалер на Челси и Арсенал, си замина од Лондон во август 2021 да се врати во својата татковина, откако играше во Премиерлигата од 2013 година.

„Среќен сум што се вратив во Премиерлигата. Фулам е посебен клуб, клуб кој сака да се подобрува, да се бори за големи работи и тука сум да помогнам“, изјави Вилијан.

Манчестер јунајтед, пак, потврдија дека го добиваат 33-годишниот голман Мартин Дубравка на едногодишна позајмица од Њукасл. „Ѓаволите“ платија 2 милиони фунти на ривалите и Словакот ќе се биде замена за Давид де Хеа, кој беше под критики на навивачите оваа сезона.

„Да се приклучиш на Манчестер јунајтед е посебен момент во мојата кариера и едвај чекам да почнам“, изјави Дубравка, кој е во Њукасл од 2018 година по трансферот од Спарта Прага, и има над 130 настапи за англискиот клуб.

Scroll to Top