Top Sport

Дудек за Меси: Провокатор како и цела Барселона со Гвардиола

Поранешниот полски голман Јиржи Дудек (47) упати жестоки критики на адреса на најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси.

Дудек во период од 2007 до 2011 година беше играч на Реал Мадрид. Тој тврди дека Меси не е добар човек, иако делува дека е мирен и љубезен.

„Го видов тој Меси во дуелите со Пепе и Рамос. Им кажуваше такви работи, незамисливи за некој кој наводно е мирен и љубезен“, рекол Дудек.

„Беше толку лажен и провокаторски настроен како и целата таа Барселона со Пеп Гвардиола. Знаеја до перфекција да го испровоцираат противникот. Тоа многу го нервираше Жозе Мурињо. Беше лут секогаш кога со нив ќе ги менуваме дресовите“.

Дудек за четири години настапи за Реал на само 12 натпревари, најдобриот период во кариерата Полјакот го имапе во Ливерпул од 2001 до 2007 година.

Scroll to Top