Top Sport

Промашување на сезоната во Бундеслигата (Видео)

Борусија Менхенгладбах вечерва победи во Франкфурт (3:1) се искачи на третата позиција на табелата и остана во трката за титулата. „Колтовите“ првиот гол го постигнаа во 37 секунда преку Плеа, меѓутоа она по што ќе се памети мечот е промашувањето на Јонас Хофман.

По одличната тимска акција во 85 минута Хофман остана сам пред голот на Ајнтрахт, можеше да избере каде ќе упати топката, но на крајот Хинтерегер со спектакуларна интервенција успеа да го блокира неговиот удар.

Scroll to Top