Дуелот на Манчестер сити против Евертон, кој требаше да се оддржи вечерва е одложен откако пет члена на тимот на Пеп Гвардиола имаа позитивни тестови на корона вирусот.
Веста доаѓа откако пред Божиќ, Кајл Вокер, Габриел Жесус и двајца членови на тимот на Сити беа позитивни и го пропуштија мечот со Њукасл, но сега вирусот се раширил во „меурот“ на Сити, што значи дека пресметката на „Гудисон парк“ нема да се оддржи, а неизвесно е дали ќе се игра ио против Челси во недела.
„Евертон-Манчестер сити е одложен по состанокот на бордот на Премиер лигата. Манчестер сити побараа да се презакаже мечот по зголемувањето на случаи на КОВИД-19 во клубот, покрај тие кои беа објавени на Божиќ“, се вели во соопштението на Премиер лигата.
Мечот меѓу Сити, кои полека се качуваат на табелата и Евертон, кои се втори зад Ливерпул требаше да биде вистинско шоу и тест на двата тима во борбата за титулата.