Мечот Лече-Каљари од Серија А е откажан откако силниот дожд ги направи условите за игра на „Стадио Виа дел маре“ невозможни по три обиди на судијата Маурицио Маријани за проверка на теренот.
По одложувањето од 25 минути, Маријани во согласност со двајцата капитени се реши дека не може да се игра бидејќи во повеќе делови од теренот, топката воопшто не отскокнуваше.
Бурите во јужна Италија претходно предизвикаа прекин на струјата на стадионот, а на паркингот на стадионот паднаа неколку дрва. Најголемата загриженост на организаторите е тоа што областа Салерно прогнозите велат дека нема да престане дождот и утре, иако мечот е презакажан со старт во 15 часот.
Lecce vs Cagliari officially suspended #LecceCagliari pic.twitter.com/MFhbfulKVu
— Football 24/7 (@Foet247Europe) November 24, 2019
#LecceCagliari partite rinviata per #Maltempo pic.twitter.com/3pldaDEvzc
— Mustapha Hussein- Musty (@Mustapha1508) November 24, 2019