Top Sport

Надал и херојот Баутиста Агут донесоа Дејвис куп титула за Шпанија

Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал, но посебно херојскиот подвиг на разжалостениот Роберто Баутиста Агут, донесоа нова Дејвис куп титула на Шпанија, по 2:0 победата во финалето против инспирираните Канаѓани.

Во првото финале во новиот формат на натпреварување, во кој цела недела се играше финалето со натпревари по групи, четврт-финале и полуфинале, Шпанија по драматичната победа над Британија во саботата, стигна до 2:0 победа над Канада. Надал пред бучната домашна пубеика со 6:3/7:6(6) го победи Денис Шаповалов за голема победа.

Ова е шеста титула од Дејвис купот за Шпанија, по победите во 2000, 2004, 2008, 2009 и 2011, додека Канада го прослави најголемиот успех во историјата на тениското тимско натпреварување со влезот во финалето.

Претходно, Роберто Баутиста Агут им даде совршен старт на домаќините, победувајќи го Феликс Оже-Алијасим со 7:6(3)/6:2, само еден ден по смртта на неговиот татко.

31-годишниот Баутиста Агут играше во двата дуели по групиоваа недела, пред во средата да замине во својот роден град Кастелјон поради болеста на неговиот татко Хоакин. Во саботата, тој се врати и навиваше за своите соиграчи во трилер-победата над Британија, пред да биде избран од селекторот Серхи Бругуера за финалето.

Пред бучната публика во „Ла каха магика“, светскиот рекет број 9 доминираше против тинејџерот.

Scroll to Top