Top Sport

Дуелот на двата премиерлигашки Албиони заврши без победник

Двата „Албиони“, Брајтон и Вест Бромвич одиграа 1:1 во меч од шестото коло во Премиер лигата, по кое гостинскиот тим на Славен Билиќ останува без победа при враќањето во елитата.

Брајтон, кои имаат една победа во шест меча, први поведоа во 40. минута од мечот, кога Ливмор си постигна автогол по еден смешен момент во шестнаесетникот на ВБА, а израмнувачкиот гол падна во 82. минута кога Карлан Ахерн-Грант постигна убав гол.

По шест меча, тимот на Билиќ има три ремија од шест меча и се наоѓа на 17. место со 3 поени, додека Брајтон се едно место погоре со 5 поени.

Scroll to Top