Top Sport

Иско го „оговараше“, Зидан му одговори

Иско беше „фатен“ на камера како се жали на третманот кој го има кај Зинедин Зидан и малата минутажа за време на „Ел класико“, и сега доби искрен одговор од тренерот.

Иско пред соиграчите Лука Модриќ, Лука Јовиќ, Марсело, Лукас Васкез и Едер Милитао зборуваше за тоа како дури и кога добива шанса влегува во игра во 80-тата минута и нема шанси да се докаже.

За Зидан нема проблем што ова „оговарање“ излегло во јавноста.

„Иско сака да игра, како и секој фудбалер, и тоа е сосема позитивно. Фудбалерите сакаат постојано да играат иако тоа не зависи од нив. Така е секогаш во Реал Мадрид. Сите се подготвени и мора да се направи тешка одлука кој ќе биде во стартните 11 и тоа нема да се смени никогаш“, вели Зидан.

Иско им се жали на соиграчите за третманот што го има кај Зидан

Scroll to Top