Контроверзниот натпревар во квалификациите за Лига Европа помеѓу Универзитатеа и Хонвед веројатно ќе има и трето полувреме. За потсетување, синоќа, во 120 минута, кога со запалка и петарда беше погоден главниот судија и фудбалерите се тепаа по теренот, натпреварот беше во прекин повеќе од половина час. Потоа продолжи и Универзитатеа на пенали избори пласман во третото коло.
Романскиот тим го слави пласманот во третото коло, а Унгарците најавуваат жалба до УЕФА. Директорот на Унивезитатеа Марсел Попеску е свесен дека клубот може да биде исфрлен од понатамошните натпревари.
„На знам какви ќе бидат конечните одлуки, но свесен сум дека ќе не казнат. Не знам само колку остри ќе бидат казните. Вакво нешто не може да помине без казна“, рекол Попеску.
Хонвед веќе реагирале до УЕФА, тие бараат да се повторни натпреварот или романскиот тим да биде исфрлен од Лига Европа.
Судијата погоден со петарда, играчите се степале на теренот (Видео)