Top Sport

Судијата погоден со петарда, играчите се степале на теренот (Видео)

Натпреварот во Лига Европа помеѓу Универзитатеа од Крајова и Хонвед бил прекинат во 120 минута кога судијата Арнолд Хантер бил погоден со петарда.

Потоа започнале инциденти на теренот, каде се степале играчите на двата тима, а на трибината имало блиска средба помеѓу навивачите.

Судијата Хантер по укажаната лекарска помош се вратил на теренот.

Мечот бил во прекин повеќе од 30 минути, а откако продолжил започнале да се изведуваат пенали. Таму подобри биле играчите на Универзитатеа кои во наредното коло ќе играат против АЕК од Атина.

Во врска со овој натпревар Дисциплинската комисија на УЕФА ќе има полни раце работа.

Scroll to Top