Поранешниот фудбалер на Барселона и француската репрезентација Кристоф Дугари упатил остри критики до челниците на каталонскиот клуб. Дугари во сезоната 1997/1998 го носел дресот на Барселона. Тој работи како коментатор на радио Монте Карло, а за Барселона зборувал по синоќешната елиминација од Купот.
„Тоа е клуб на кловнови, ништо не прават како што треба. Ги купуваат Кутињо, Дембеле, па потоа се обидуваат да ги продадат. Впечатокот е дека клубот нема визија. Во секој преоден рок постои некој проблем. Клубот прави лоши трансфери уште од заминувањето на чави и Иниеста“, рекол 47 годишниот Дугари.
„Над се тие имаат лош имиџ. Тука има премногу луѓе што немаат манири и стил за клуб со толкава големина. Барселона сега е клуб без стил“.
Барселона во Ла Лига се наоѓа на второто место со три поени помалку од Реал Мадрид. Во наредното коло, в недела, Барселона ќе гостува кај Бетис.