Top Sport

Дугари: Двапати го одбив Јувентус

Поранешниот напаѓач на Милан, Криштоф Дугари вели дека двапати во својата кариера одбил понуда од Јувентус, нешто што сигурно ќе им се допадне на навивачите на „росонерите“.

Дугари, кој со Франција го освои Светското првенство во 1998 година, ја помина сезоната 1996/97 со Милан, пред да направи трансфер во Барселона.

„Можев да одам во Јуве, бидејќи сакаа да ме земат мене и Зинедин идан. Се сретнавме во Париз, но јас сакав да останам во Бордо, а во имот веќе ги имаа Кристијан Виери, Ален Бокшиќ и Микеле Падовано. Потоа дојдоа Милан и таа понуда ја прифатив. Вторпат, тие ми понудија договор кога бев во Марсеј и го земаа Тјери Анри. Кажав не во последниот момент бидејќи Зизу на телефон ми објасни дека тренерот Марчело Липи може да си замине“, вели Дугари.

 

Scroll to Top