Top Sport

Дугари: Каде е Нејмар, доста го слушаме татко му!

Криштоф Дугари, францускиот фудбалер кој беше дел од славната генерација од 1998 година, побара бразилската ѕвезда Нејмар да одговори јасно дали планира да остане во Пари Сен-Жермен и следната сезона, бидејќи во последно време остава само другите да зборуваат за него.

„Ќе го повикам Нејмар, бидејќи сакам да се искаже, бидејќи ми е доста од тоа што другите зборуваат со него. Треба да каже јасно дали останува во ПСЖ или не. Не ми е грижа што зборува неговиот татко, сакам да го слушнам него. Во моментов само другите зборуваат за него“, вели Дугари во интервју за „РМЦ“.

Околу иднината на најскапиот фудбалер на светот има многу шпекулации, од кои најмногу се тие кои го поврзуваат со враќање во Шпанија, но во тимот на Реал Мадрид. Дугари не е сигурен дека Бразилецот сака да остане на „Паркот на принцовите“ и очигледно не е убеден од изјавите на Нејмар Сениор дека иднината на неговиот син е во Париз.

 

Scroll to Top