Top Sport

Вардарки ги добија медалите па си дозволија пораз од Крим

ЖРК Вардар го доживеа првиот пораз во регионалната ВРХЛ лига оваа сезона, откако во Подгорица словенечкиот Крим со 34:29 го совлада трикратниот актуелен шампион во регуларното натпреварување.

Вардарки ги добија и медалите за регионалното натпреварување, откако го освоија трофејот пред последниот мини-турнир во Црна Гора, а сега можат мирно да се подготвуваат за Фајнал фор турнирот од Лигата на шампионите во Будимпешта.

Каремичиева со пет голови беше најдобра во македонскиот тим, додека четири додаде Јованка Радичевиќ.

Фото: ЖРК Вардар

Scroll to Top