Top Sport

Дуото „Мекфред“ не е за Манчестер јунајтед

Поранешниот играч за врска на Манчестер јунајтед, Пол Сколс е разочаран од почетокот на сезоната на трофејниот клуб од Олд Трафорд. „Црвените ѓаволи“ загубија од Брајтон со 1:2, а навивачите можеада видат екстремно лошото издание на избраниците на Ерик Тен Хаг, особено во првото полувреме.

„Мектомини постојано се обидуваше да трча со топката. Тоа е смешно. Играчите од средниот ред се на многу ниско ниво“, истакна Сколс и продолжи:

„Квалитетот на играчите од средниот ред не е ни блиску до она што го имаше тимот во последните години. Тешко е со Фред и Мектомини. Можеби Тен Хаг ќе треба да избере еден од нив. Но, дури и присуството на еден од двајцата во составот е веќе премногу забележливо. Фред постојано ја удираше топката, а Мектомини трчаше со неа. Зошто? Само направете додавање до најдобрите играчи. Тоа е лесно“, рече Сколс.

Овој двоец на средната од теренот навивачите на Јунајтед го нарекуваат Мекфред.

Scroll to Top