Top Sport

Дури 14 англиски репрезентативци можеле да играат за друга репрезентација

Додека Велика Британија мачно преговара околу Брегзит и влијанието на имиграцијата на оваа земја, фудбалската репрезентација на Англија може да се пофали дека има еден од најразновидните состави – дури 14 од нивните репрезентативци можеле да играат за друга репрезентација.

На селекторот Герет Саутгејт ова не му пречи.

„Луѓето се селат од една во друга земја поради различни причини. Во младинските тимови, повеќе од половината од фудбалерите имаат двојно држвајнство или можат да играат за две земји. Тоа е природата на овој свет“, изјави Саутгејт.

Деклан Рајс од Вест хем е последниот млад фудбалер кој ја смени националноста и покрај тоа што имаше три настапи за Ирска во сениорска конкуренција. Дел од другите негови колеги од репрезентацијата можат да играат за друга земја. Рахим Стерлинг е роден на Јамајка и можеше да настапува за оваа карипска нација заедно со Кајл Вокер, Дени Роуз и Калам Вилсон.

Капитенот Хери Кејн можеше со Рајс да игра за Ирска, заедно со Мајкл Кин од Евертон.

Деле Али и Рос Баркли имаат нигериско потекло, родителите на Џејдон Санчо се од Тринидад и Тобаго, додека таткото на Бен Чилвел е од Нов Зеланд. Калам Хадсон-Одои можеше да настапува за Гана, дедото на Џејмс Тарковски е роден во Полска, додека Ерик Даер е израснат во Португалија.

Scroll to Top