Top Sport

Дури 18 фудбалери на Бока јуниорс се позитивни на КОВИД-19

Аргентинскиот фудбалски гигант, Бока јуниорс потврди дека дури 18 нивни фудбалери имале позитивен тест на корона вирус, на само две недели пред стартот на натпреварите во Копа Либертадорес.

Бока ги прекина тренинзите во понеделникот откако било забележано дека на нивниот тренинг центар има повеќе заразени од корона вирусот. Сега, клубот потврди дека 8 случаи се фудбалери без симптоми, додека 10 фудбалери имаат мали симптоми. Бока треба да играат со Либертад Асунсион во Парагвај на 17 септември, но сега е неизвесно дали мечот ќе се одигра.

Аргентина е една од најпогодените земји во Јужна Америка од вирусот, со над 400.000 инфицирани и 9.000 починати.

Scroll to Top