Фудбалерите на македонскиот шампион Струга ТЛ, утре ќе го одиграат првиот натпревар од 3. квалификациско коло, во Конференциската лига. Противник на Стружани ќе биде екипата на Есперанж од Луксенбург.
Тренерот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро, откри дека тој и неговите фудбалери со нерпение го очекуваат овј натпревар. Како што вели секој натпревар во европските купови е мотив за надигрување. Дуро предупредува дека неговите избраници не смеат да го потценат Есперанж.
„Шансите во двомечот се израмнети, но јасно е дека ние сакаме да победиме на домашн терен. Нема многу да менуваме во формацијата затоа што досега победувавме на тој начин. Наша крајна цел е да дојдеме до групната фаза во Конференциската лига. Ќе се обидеме иако знаеме дека ќе биде тешко“, рече Дуро, истакнувајќи дека тимот треба да ја искористи одличната форма во која се наоѓа напаѓачот Марјан Радески.
Струга ТЛ ќе го пречека Есперанж во тренинг центарот на ФФМ. Утрешниот натпревар ќе започне во 17 часот.