Колумбиецот Дуван Запата речиси сам го уништи тимот на Фросиноне постигнувајќи четири гола во 5:0 триумфот на Аталанта, и сега има дури 14 гола во последните осум натпревари
Во интересен меч на најслабата одбрана во Серија А против најдобриот напад, беа потребни само 11 минути да се постигне првиот гол откако Џанлука Манчини ја потфати топката на Марио Пашалиќ и го изненади сопствениот голман.
По ова на сцена стапи Запата, кој прво во 44. минута зголеми на 2:0, за во второто полувреме да додаде три гола во неверојатен меч за него. Аталанта е на одличното шесто место во Серија А со 31 поен, само еден помалку од Лацио, додека Фросиноне се претпоследни со само 10 освоени поени.