Top Sport

Два бургери по цена за еден – и „Бургер кинг“ му се смее на Азар!

Агонијата на Еден Азар во Реал Мадрид продолжува, за година ипол во тимот од „Сантјаго Бернабеу“, Белгиецот одигра само 35 натпревари и постигна 4 гола.

Проблемите со повредите за него како да немаат крај, а сега белгискиот ас мака мачи и со зголемените килограми.
Познат американски ланец на брза храна, поточна шпанската испостава на „Бургер кинг“ на својот Твитер профил објави свое видување на ситуацијата во која се наоѓа фудбалерот.

„Причина за отсуствата на Азар е што Белгиецот ја искористува акцијата во нашите ресторани `два бургери по цена за еден`“ – стои во објавата на шпански „Бургер кинг“.


Азар не се изнаигра во редовите на Реал Мадрид откако претходно во Челси беше најдобриот поединец. Повторно се повредил, на тренинг:

Азар повторно се повредил

Scroll to Top