Top Sport

Два гола на Брејтвајт – Еспањол ја победи Мајорка

Фудбалерите на Еспањол ја совладаа Мајорка со резултат 2:1, во 23. коло од шпанската Ла Лига.

Победата на Еспањол му ја обезбеди Мартин Брејтвајт. Данецот на 18 натпревари од почетокот на сезоната има постигнато седум гола за Еспењол, претходно за две и пол години во Барселона постигна пет гола.

Данскиот напаѓач првиот гол г постигна во 22, а вториот во 51.минута. Десет минути пред вториот гол на Брејтвајт, Ведад Муричи израмни на 1:1. минута. Првиот гол Еспањол го постигна по катастрофалната грешка на голманот на мајорка, Предраг Рајковиќ.

До крајот на натпреварот резултатот не се менуваше, фудбалерите на Еспањол не реализираа три, а гостите една добра шанса.

Еспањол ја забележа шестата победа во сезоната и сега се наоѓа на 12. место на табелата со 27 бодови, додека Мајорка е осма со 31 бод.

Scroll to Top