Top Sport

Два гола на Несторовски, Удинезе ремизираше со Унион Берлин

Поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски, повторно беше стрелец за Удинезе. Екипата на Несторовски одигра пријателски натпревар со членот на Бундеслигата, Унион Берлин.

Удинезе и Убион Берлин одиграа ефикасен натпревар, кој заврши без победник 3:3. Два од трите гола за Удинезе постигна Несторовски.

Македонецот на теренот влезе во 15.минута, кога го замени повредениот Деулофеу. Првиот Несторовски го постигна во 26. минута, а вториот во 43. минута од натпреварот.

Scroll to Top