Национал по 49. пат ја освоија шампионската титула во Уругвај. Во финалето на плеј-офот, по продолженија фудбалерите на Национал го совладаа Ливерпул од Монтевидео со резултат 4:1.
Во првото полувреме немаше голови, а во 50. минута Национал поведе со голот на Луис Суарез. Тиаго Весино израмни за Ливерпул во 69. минута, но неговиот тим на крајот остана со десетмина на теренот поради исклучувањето на Федерико Переира.
Во 97. минута 36.годишниот Суарез вторпат го матираше противничкиот голман во решавачкиот натпревар, а потоа Емануел Гиљоти со уште два гола му донесе убедлива победа на популарниот тим од Монтевидео.
Суарез, во кариерата беше шампион на Холандија со Ајакс и шампион на Шпанија со Барселона и Атлетико Мадрид.
Национал трет пат во последните четири години ја освои титулата. Најуспешен клуб во Уругвај е Пењарол со 51 трофеј.
🏆49🏆#UnaVueltaInolvidable#ElClubGigante 🔵⚪️🔴 pic.twitter.com/OPW6pKLmxd
— Nacional (@Nacional) October 30, 2022