Ветеранот на Рома, Даниеле де Роси доби суспензија од два меча за ударот на Џанлука Лападула во 1:1 ремито со Џенова.
Рома водеше со 1:0 во 69. минута од мечот, пред капитенот да направи идиотски потег и да го удри напаѓачот на Џенова во лице. Де Роси доби црвен картон, а Лападула од пенал го израмни мечот.
Со суспензијата, Де Роси ќе ги пропушти мечевите против СПАЛ и Киево. Де Роси подоцна се извини за инцидентот.