Top Sport

Азаренка го отпушти тренерот

Викторија Азаренка се раздели со тренерот Мајкл Џојс, со кого работеше по кам-бекот на тениските терени по бременоста.

Поранешната светска тенисерка број 1 од Белорусија во моментов е „заглавена“ во случај за одредување на старателството на својот едногодишен син, кого не сака да го остави во Калифорнија, и затоа го пропушти вториот дел од сезоната, вклучувајќи го и Фед куп финалето во кое Белорусија загуби од САД.

„Вика е екстремно талентирана тенисерка и прекрасно е што се врати на тенисот, но нејзиното семејство доаѓа на прво место и тоа го почитувам. Се надевам дека ќе се видиме наскоро на ВТА-турнејата“, вели Џојс.

Двократната гренд слем шампионка најави дека ќе ја почне сезоната 2018 на АСБ Класик во Оукленд, Нов Зеланд. Нејзин последен турнир е Вимблдон и таа во моментов е на 205. место на ВТА-листата.

Scroll to Top