Top Sport

Два натпревари суспензија за Спалети

Наполи, вечера, не успеа да го победи Сасуоло и покрај предноста од два гола. Натпреварот, Наполитанците го завршија без тренерот, Лучано Спалети. Поради непримерна реакција, во финишот на натпреварот, Спалети доби црвен картон.

Дисциплинската комисија при Серија А, објави дека, Спалети на наредните два натпревари нема да го предводи тимот.

„Непристојно се однесуваше кон судиите. Имаше приговор на секоја одлука. На неговото однесување укажа помошниот судија“, ја образложил одлуката првиот човек на Дисциплинската комисија, Џерардо Мастрандреа.

Спалети поради суспензијата нема да го предводи својот тим викендов против Аталанта и една недела подоцна против Емполи.

Scroll to Top