Top Sport

Два неверојатни гола – Ракитиќ го „стресе“ Тотенхем, Росарио го „потопи“ Интер (видео)

Лигата на шампионите е фудбал на „повисоко“ ниво. Тоа најдобро го покажаа двата фантастични голови постигнати во првото полувреме на вечерашните мечеви – тој на Иван Ракитиќ за Барселона и тој на Росарио за ПСВ.

Барселона има 2:0 на „Вембли“, откако прво го искористија киксот на Љорис на голот, а во 28. минута дојде шоуто – Иван Ракитиќ го постигна можеби најубавиот гол во неговата кариера.

ПСВ пак, поведе против Интер преку голот на Пабло Росарио. Фантастична вечер за љубителите на фудбалот.

Scroll to Top