Top Sport

Се јави и Рој Кин: Какви плачковци играат за Манчестер јунајтед!

Манчестер јунајтед го има најлошиот старт во Премиер лигата последните 29 години и како на филмска лента се менуваат поранешните фудбалери кои се бесни од оваа ситуација. Секако, дојде ред и на Рој Кин.

„Зборувате за фудбалери и менаџери, но нормално е некој фудбалер да не се согласува со својот тренер и обратно. Но, како фудбалер, а зборувам како човек кој имал неколку недоразбирања, играш за својот тим. Не ми е грижа дали си се карал со менаџерот, дали си му бил на врат. Тоа е дел од индустријата. Ако си фудбалер на Манчестер јунајтед, ако не излезеш на теренот и го дадеш својот максимум, тогаш со среќа на Мурињо со вакви работи“, почна Кин.

Кога беше запрашан дали ова се однесува на Пол Погба, Кин беше поспецифичен.

„Не зборувам за Погба, туку за сите фудбалери. Фудбалери кои се лути на менаџерот и мислат дека треба да не играат како што треба. Има многу плачковци во Манчестер јунајтед. Треба да играш за гордоста, за себе, за своето семејство, за градот“, заврши Ирецот.

Scroll to Top