Top Sport

Два пенали, двапати Роналдо и нова победа на Јувентус (видео)

Кристијано Роналдо постигна два гола од пенал за да се израмни со Давид Трезеге, а Јувентус стигна до 3:0 победа над Фиорентина за да избега на шест поени пред Интер на врвот на табелата, пред вечерашниот дуел на „нераѕурите“ со Удинезе.

Фиорентина имаше неколку убави шанси во првото полувреме, но Војчех Шчесни беше достоен за предизвикот, за во 40-тата минута да биде досуден пенал поради играње со рака, а Роналдо без мака да постигне гол за 1:0. Во 80-тата минута уште еден пенал за Јувентус, овојпат за очигледен фаул, за Роналдо да стигне до неверојатни 10 гола во шест натпревари во 2020 година. Во 91. минута, по еден корнер, Матијс де Лихт беше повисок од Роналдо во скокот за да ги постави конечните 3:0.

Покрај ова, Роналдо го израмни рекордот на Јувентус поставен од Трезеге со гол во девет последователни мечеви од Серија А. Трезеге е единствениот кој постигнал гол во девет кола во декември 2009, додека ЦР7 претходно двапати имаше ваква низа – во ноември 2014 и во мај 2018. Статистиката исто така вели дека Роналдо има 151 изведен пенал во кариерата, од кои само 25 пати не бил прецизен, а со двата гола дојде и до бројката од 50 гола во дресот на Јувентус.

Scroll to Top