Top Sport

Два пенали и екстра гол на Крос, Реал победи на „Месталја“ (Видео)

Мадридски Реал на „Месталја“ ја победи Валенсија 4:1 (2:0) во дерби мечот од 21.коло во Ла Лига. Два гола од пенал постигна Кристијано Роналдо во првото полувреме, а во финишот победата на Реал ја заверија Марсело и Крос.

Лошата форма и резултатите кои го пратата Реал во изминатиот период го натераа Зинедин Зидан да игра претпазливо во првото полувреме, шансите да ги бара во брзата транзиција и тоа му донесе резултат.

Мартин Монтоја во првиот дел со два несмасни старта направи два пенали кои Кристијано Роналдо во 16 и 37.минута ги претвори во водство 2:0.

Валенсија во вториот успеа да ја преземе контролата врз средината од теренот, тоа и донесе доминација и гол на надеже дека може да го избегне поразот. Санти Мина постигна гол во 58.минута.

Потоа домаќинот створи уште неколку изгледни шанси од кои најдобрата ја имаше Дани Парехо чии удар на волшебен начин со нога го одбрани Кејлор Навас.

Играчите на Валенсија не може да го издржата темпотот кое самите го наметнаа, целосно попуштија во последните десет минути што Реал го искористи и со нови два гола ја обезбеди победата.

Scroll to Top