Top Sport

Кавани најдобар стрелец во историјата на ПСЖ (Видео)

Уругваецот Единсон Кавани влезе во историјата на ПСЖ како најдобар клупски стрелец на сите времиња.

Кавани со голот кој го постигна против Монпелје стигна до својот 157.гол во дресот на ПСЖ и на вечната листа го мина Златан Ибрахимовиќ.

Уругваецот во Париз пристигна во 2013 година од Наполи за сума од 64 милиони евра, што во тоа време беше шести најскап трансфер во историјата.

Кавани со ПСЖ освои 13 трофеи, од кои три се во шампионатот на Франција.

Scroll to Top