Лука Јовиќ ќе биде еден од најбараните играчи во летниот преоден рок. Се очекува неговиот трансфер да изнесува околу 70 милиони евра, а интересно ќе заработат два клуба.
Актуелниот клуб Ајнтрахт, минатата недела си ја исполни обврската кон Бенфика и за шест милиони евра го откупи неговиот договор. Меѓутоа Португалците во тој договор вметнале клаузула според која ќе добијат 30 отсто од наредниот трансфер на Јовиќ.
Шпанските медиуми најчесто го поврзуваат Јовиќ со трансфер во Реал Мадрид.
Србинот игра одлично оваа сезона, на 41 натпревари во сите натпреварувања има постигнато 25 гола.